Луфтханза откажа 1.700 летови

40

lufthansaГерманската авиокомпанија Луфтханза откажа 1.700 летови предвидени за денес поради штрај на вработените кои бараат повисоки плати. Летовите се главно на германски и европски дестинации.

Синдикатот Верди, кој застапува 33.000 работници на оваа авиокомпанија, го најави штрајкот како уште една мерка на притисок врз менаџментот да понуди подобри плати. Ова е втор штрајк на Луфтханза во рок од еден месец.

Менаџментот им понуди на вработените зголемување на платите од 1,2% од октомври годинава и дополнителни 0,5% во 2014 година, но синдикатот бара зголемување од 5,2%.

Луфтханза ги замоли патниците да ја посетат нивната интернет страница и да го проверат статусот на својот лет. Патниците чии летови денес ќе бидат откажани, можат да направат нови резервации или да ги откажат бесплатно. Компанијата потпиша корпоративен договор со државната железница, Дојче бан, со кој патниците ќе можат авиобилетите да ги користат како ваучери за да патуваат со железницата.

Се проценува дека со денешниот штрајк Луфтханза ќе загуби милиони евра.