Луј Витон направи чоколадна чанта

Во време кога луксузните брендови ги поместуваат границите на тоа што може да биде модата, Луј Витон повторно го предводи патот – но овој пат, не на пистата, туку на чинијата. Наместо кожа, платно или метал, овој престижен бренд понуди чанта направена исклучиво од фино чоколадо. И не било која чанта, туку совршено верна реплика на оригиналниот модел од модната куќа Луј Витон, која буквално може да се јаде.

Оваа необична креација стана вирална откако една корисничка на TikTok го сподели моментот кога случајно ја испуштила торбата со чоколади на нејзината цимерка, која потоа се распаднала на парчиња. Видеото го погледнале милиони луѓе, а најчестото прашање било: Дали е навистина вистинскиот Луј Витон? Одговорот е – да, и повеќе од тоа.

Оваа деликатесна чантичка се нарекува чантичка со чоколадни јајца и е создадена во соработка помеѓу луксузниот бренд Луј Витон и познатиот француски слаткар Максим Фредерик.

Чантичката е дел од специјалната велигденска колекција чоколади што ја лансира Луј Витон како спој на висока мода и врвна гастрономија. Обликот на чантата е инспириран од дизајните од колекцијата пролет/лето 2019 година од креативниот директор на женската линија Луј Витон, Никола Гескиер.

Исто така, Карми Селито (26), креаторка на содржини, потрошила дури 1.000 евра – за да патува во Париз, за ​​да биде меѓу првите што ќе ја пробаат виралната јадлива чантичка Луј Витон.

Од што е направена?
Оваа ексклузивна чоколадна креација е комбинација од уметнички дизајн и слаткарско мајсторство. Надворешниот дел од чантата е направен од 70% темно чоколадо, додека рачките, патентите и деталите се обликувани од 40% млечно чоколадо. Внатре има богато млечно чоколадо со полнење од лешник.

Дали е достапна во нивните продавници и по која цена?

Да, чоколадната чантичка Louis Vuitton е навистина достапна за купување, но само во ограничени количини и исклучиво во одбрани бутици на брендот. Цената зависи од пазарот и започнува од 200 евра.

Секој детаљ – од шевовите до логото – е верно репродуциран во форма на чоколадо, па затоа оваа чантичка изгледа толку реалистично што многумина би ја помешале со вистинската – сè додека не ја намирисаат или случајно не ја скршат.