Лукаревска: Со новиот Буџет ќе имаме 9% плус кај сите даноци

34

За ноември досега имаме зголемување кај данокот на добивка, на личен доход и намалување на ДДВ, изјави Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи (УЈП) во Студио 10 на ТВ24.

“Согласно новиот Буџет, имаме 9% плус кај сите даноци, наша обврска ќе биде идната година да собереме 84 милијарди денари даночен приход. Сметаме дека оваа проекција ќе успееме да ја реализираме, но ќе треба да го следиме и трендот во регионот. Ова е за нас оптимистичко гледање, првото тромесечие на 2021 ќе биде репер за се останато“, изјави Лукаревска.

Фото: Pixabay