ЛУКОИЛ отвори бензинска станица во Гевгелија, пред влезот во Грција

213

ЛУКОИЛ Македонија отвори нова бензинска станица во Гевгелија, што воедно е и 30-та бензинска станица на компанијата.

Станицата е отворена во соработка со компанијата Ранерс а се наоѓа на ул. Бошко Бозаџиев бр.6 А, Мрзенци,  пред влезот во Грција, Автопат Е- 75.

Бензинската станица e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата и се простира на површина од 3.400 м2, со објект од 420 м2. Во рамки на бензинската станица има ресторан со широк асортиман на вкусни јадења, паркинг за лесни и тешки возила.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со брендираното гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, ТНГ, масла од палетата на ЛУКОИЛ, широк спектар на дополнителен асортиман, wi-fi и други поволности.