Луксуз на Јадранот – еден час за јахта и до 7.000 евра

315

По катастрофалната 2020 година, агенциите за изнајмување бродови долж Јадранот ја искористуваат секоја можност да заработат пари, и  тие често “земаат“ неколку илјади евра за еден час луксуз.

Изнајмување чамци, глисери или јахти за еден час чини од неколку стотици евра до 7.000 евра. Цените варираат во зависност од видот на бродот, должината, капацитетот, годината на производство, моќноста на моторот, но и опремата и видот на услугата, пишува Блиц.

Клиентите се претежно странски државјани од Турција, Русија и Германија, но исто така има голем број жители во Хрватска и Србија. Изнајмувањето на јахта која има место за осум лица, во просек еден час чини околу 850 евра. Полуксузните јахти  чинат и до 2.300 евра.

Поголем луксуз, на пример јахта за 12 луѓе чини околу 7.000 евра. Јахтите со такви цени најчесто се изнајмуваат за специјални прилики, со дополнителен персонал што дополнително ја зголемува цената. Тие често имаат базени за пливање, како и дополнителни глисери и опрема за риболов.

За брод што може да прими осум лица, а е долг 6,5 метри, цената на час е околу 770 евра. За едрилица која исто така има мотор и може да прими 10 луѓе, еден час би чинел околу 550 евра, но едрилиците може да се изнајмат за помалку пари. Едрилиците што немаат мотор за еден час користење чинат во просек околу 300 евра. Овие цени се однесуваат на изнајмување брод во Црна Гора, но се слични долж целиот јадрански брег.

За половина час возење на џет ски, потребно е во просек да се издвојат околу 50 евра, за еден час во кајак, се плаќа во просек околу 20 евра, а половина час “скијање“ на вода чини околу 60 евра во просек.