Луксузен бренд дизајнира облека за јунаци од видео игра

8

Модната куќа Burberry не дизајнира луксузна облека само за луѓе, туку и за ликови од видео игри. Главната хероина на Honor of Kings, една од најпопуларните игри во светот, наскоро ќе биде облечена во брендирана облека со печатот на Burberry.

Оние кои ќе сакаат хероината да биде облечена во дизајниран костум, ќе треба да доплатат и ќе можат на таков начин да уживаат во играта.

Иако ова изгледа малку чудно, сепак ова не е прва соработка од таков тип во светот на гејминг индустријата. Модната куќа Louis Vuitton користела хероина од видео играта Final Fantasy како модел за рекламирање на својата облека. Истата куќа креирала и облека за јунаци на играта League of Legends.

Фото: Pexels