Луксузен бренд дизајнира виртуелна гардероба

74

Италијанскиот моден бренд Gucci, вреден 11,8 милијарди долари, веќе не дизајнира само физички производи, туку и виртуелни. Брендот овој месец лансира платформа што ќе им овозможи на корисниците да дизајнираат виртуелна облека, обувки и модни додатоци и потоа да ги облечат во виртуелна реалност.

Целта на оваа идеја е да ги инспирира потрошувачите да купуваат производи на Gucci, но тие исто така можат да бидат вреднувани како виртуелни роба.

“Виртуелниот свет создава своја економија“, вели извршниот директор Роберт Трифус.

Фото: Facebook