Луксузната јахта на Стив Џобс е слободна да отплови

40

Јахтата на основачот на Apple, Стив Џобс, е повторно “слободна” да отплови откако спорот за неисплатениот долг на дизајнерот Филип Штарк беше разрешен пред неколку дена.

“Венус не е повеќе прикотвена, најдовме решение. Исплатен е безбедносен депозит на банкарска смета, но не можам да ја кажам сумата”, изјави Жерард Мусо, адвокатот на Џобс со седиште во Хаг за француската новинска агенција AFP.

Јахтата чија што изградба чинеше повеќе од 130 милиони долари, беше “заробена” откако Штарк изјави дека не му бил исплатен долг од 3 милиони евра за неговата работа.

Наводно, јахтата на Стив Џобс ќе биде испратена преку брод во САД, каде што вдовицата на основачот Apple, Лорин Пауел Џобс заедно со нејзините деца Рид, Ерин и Ив ќе ја превземат одговорноста за неа.