Луксузни бункери и приватни острови – како богаташите се самоизолираат

126

Додека повеќето од нас седат во самоизолација во стан или куќа, некои богаташи се повлекуваат во најсовремени бункери и бегаат на приватни острови за да избегаат од коронавирусот.

Компанијата Rising S, којашто произведува воени бункери и засолништа, забележа четирикратно зголемување на работењето во однос на истиот период минатата година, рече извршниот директор Клајд Скот.

Иако компанијата е со седиште во САД, Скот вели дека прима повици од целиот свет, вклучително и од земји од кои тој досега немал побарувачка, како Хрватска, пишува CNBC. Просечната цена на моделите што клиентите ги гледаат е 150.000 долари.

Лери Хол, сопственик на друг производител на бункери во САД, Survival Condo, рече дека бројот на порачки, исто така, се зголемил како резултат на епидемијата.

Хол вели дека имаат побарувања од Блискиот исток, Велика Британија, Јапонија, Франција… Цените се движат од околу 500.000 до 2,4 милиони долари и вклучуваат удобности како затворен базен, теретана, а посочи дека имало клиент кој купил бункер без физички да го види.

Приватни острови

Други богаташи се во потрага по малку поотворен простор и решија да се одделат од вирусот на море, бегајќи на приватни острови.

“Островот Gladden Private на Карибите е особено популарен затоа што обезбедува целосна приватност“, вели Крис Короув, извршен директор на продажба и изнајмување приватни острови.

“Тоа е веројатно најсигурното место на планетата за сите оние кои сакаат да се скријат од овој вирус“, вели Короув.

Престојот чини 2.950 долари за ноќ за две лица кои можат да го изнајмат целиот остров. Друга популарна точка е Blue Island на Бахамите заради неговата приватна писта, за која Короув рече дека ги интересира луѓето со приватни авиони. Земјиштето од 700 хектари се продава за околу 70 милиони долари. Тој, исто така, рече дека добил повици минатата недела од јахти, кои буквално крстареле со морето обидувајќи се да најдат безбедно место за престој.

Фото: Pixabay