LUXTURE AARDE – луксузен часовник што дава информации за климатските промени

57

Компанијата Veldt, Inc. претстави линија на луксузни паметни часовници наречена LUXTURE AARDE.

Она што е интересно кај овој часовник е Climate Action Reminder, алатка којашто дава информации за глобалното затоплување, заедно со останати податоци за климата и времето.

Со помош на LED светилки вградени во него, часовникот преку разни бои и вибрации ги пренесува пораките до корисникот, наместо со зборови. На тој начин податоците се добиваат без да бидат наметливи.

Часовникот доаѓа со сите стандардни апликации како Facebook, Instagram и WhatsApp како и известување на мејл и повици. Исто така, може да се поврзе со три различни календари и да се прилагоди кон пет VIP контакт.

Батеријата трае три дена, а часовникот се поврзува и со Bluetooth. Неговата цена се движи од 650 до 1.150 долари зависи од стилот.

Фото: Veldt, Inc.