Францускиот луксузен конгломерат, LVMH се повлекува од планираното преземање на американскиот бренд за накит, Tiffany and Co, за 16 милијарди долари.
LVMH информира дека нема да “може да ја доврши“ работата од 16,2 милијарди долари, што беше најавено во октомври минатата година.
Според CNN, како една од причините поради коишто сопственикот на Louis Vuitton се откажува од Tiffany and Co е барањето на француските власти да го одложат преземањето за јануари следната година, како одговор на заканите од САД за оданочување на француски производи.
Претходно, САД најавија дека ќе наметнат царина од 25% на француски производи, вклучувајќи шминки и чанти, како дел од спорот за оданочување на дигиталните компании.
Од Tiffany велат дека барањето на француските власти нема правна основа. Оттаму велат дека ќе покренат тужба со цел да го присили LVMH да го доврши договорот.
Фото: Facebook