Lyoness со помош за семејство од с. Стајковци

20

unnamed

Фондацијата Child & Famiy, под раководство на Lyoness, деновиве ја комплетира третата фаза од обемната хуманитарна акција за поддршка на уште едно семејство од вкупно шест, чиј дом беше комплетно уништен од разорната поплава што го погоди Скопје минатиот месец.

Семејството Каранфиловски е четворочлено семејство од с. Стајковци, кое преку понудената поддршка во вид на апарати за домаќинство, ќе може на полесен начин да го нормализира своето секојдневие.

Со единствена цел обезбедување на услови за поддршка на луѓе кои имаат најголема потреба од тоа, фондацијата во соработка со канцеларијата на Lyoness во Македонија обезбеди одреден износ на средства за купување на нови електронски апарати за домаќинството (шпорети, фрижидери, машини за перење и друго), кои претходно беа утврдени како итно потребни за засегнатите шест погодени семејства од Скопје.

Lyoness и понатаму останува верен на својата мотивација да понуди поддршка преку активирање на човечки ресурси и средства за помош на уште три семејства чии домови беа забележително уништени од минатомесечната поплава.