M&M’s: Млечно чоколадо што се топи во вашата уста, не во вашата рака

153

mm2

Форест Марс Сениор, син на основачот на компанијата Mars, Франк Марс, идејата за бонбоните M&M’s ја добил за време на шпанската граѓанска војна во 30-тите, кога ги видел војниците како јадат чоколадни пелети со тврда чоколадна обвивка што ја штитела внатрешноста од топење. Марс добива патент за свој сопствен процес во март 1941 и истата година, заедно со Брус Мјури, син на Вилијам Мјури, првиот човек на познатата компанија Hershey, почнуваат со производство на бонбони со глазура и чоколадо во средината, во фабриката во Њу Џерси. Марс мораше да работи со чоколадото на Hershey, затоа што претпоставуваше дека поради војната ќе се појави дефицит, што излезе дека е точно. Затоа му даде на Мјури 20% удел во новоформираната M&M, што всушност е кратенка од Марс и Мјури. Подоцна, во 1948 година, Марс ќе ги откупи акциите од Мјури.

4

Forrest Mars Sr.Форест Марс Сениор успеа да ја израсне компанијата на татко му и неговото богатство тежеше над четири милијарди долари. Според Forbes беше рангиран на 30 место на листата на најбогати Американци, а неговите синови Форест Џуниор и Џон беа на 29 и 31 место. Во 1973 година, Марс се повлекува од челната позиција и компанијата им ја остава на своите три деца Форест Џуниор, Џон и Жаклин, кои ја водат и ден денес. Почина во 1999 година, на 95 годишна возраст.

Интересни факти:

  • Кога се појавија, се продаваа во картонски фишеци. Од 1948 се продаваат во кесички.
  • За време на Втората светска војна, M&M’s беа продавани ексклузивно на војската.
  • На почетокот, буквата М што е втисната на бонбоните беше црна. Стана бела во 1954 година.
  • Во 1960, M&M’s постоеја во жолта, зелена и црвена боја. Во 1976 година беше додадена портокаловата боја. Во 1995 година Mars спроведе маркетинг кампања во која луѓето гласаа за нова боја. Победни сината. На следните избори во 2002 година победи виолетовата. Во 1996 година додадени се нови бои. Денес ја има секоја боја од виножитото.

3

  • Во 1976 година, по препорака на американската Aгенција за храна и лекови (FDA), црвените бонбони беа тргнати од миксот поради загриженост дека оваа прехранбена боја што ја користи компанијата е штетна за здравјето. Вратени се во 1987 година, на барање на потрошувачите.
  • Во 1981 година, астронаутите ги однесоа во вселената за прв пат.

2

  • M&M’s имаат анимирани ликови. Првиот женски лик е госпоѓа Зелена, која им се придружи на црвениот и жолтиот лик во 1997 година. Две години подоцна, на триото им се приклучува портокаловиот лик.
  • Во 2006 година излегоа M&M’s од црна и бела чоколада.
  • Во 2007 година воведени се нови вкусови: темно чоколадо – кикирики, цреша, праска, портокал, нане, орев, Орео колачиња, малина и крцкави М&М’s од нане.
  • Слоганот “млечно чоколадо што се топи во вашата уста, а не во вашата рака” е еден од најпрепознатливите во историјата на рекламирањето.

1

  • M&M’s сè уште се во топ најпродавани бонбони во САД. Се продаваат во преку 100 земји во светот.
  • Покрај M&M’s, во сопственост на компанијата Mars се и чоколатцата Mars, Milky Way, Snickers, Twix, Three Musketeers, брендовите Skittles, Combos, Kudos, Dolmio, Uncle Ben’s, храната за животни Pedigree и Whiskas.