МАЧР ќе избира менаџер за човечки ресурси на 2016 година

26

hr1-580x286

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), како единствено професионално здружение на HR професионалци во земјата, има мисија со своето работење да ја поддржува и развива професијата менаџмент со човечки ресурси и да придонесува за унапредување на нејзиниот статус. За таа цел ја воведе наградата HR менаџер на годината.

Македонската асоцијација за човечки ресурси и оваа година Ве поканува да номинирате кандидат за наградата HR менаџер на годината. Номинираниот може да биде одговорното лице за управување со човечките ресурси во Вашата компанија или од друга компанија, кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата. Номинирајте го HR професионалецот кој цените и сметате дека неговата работа и труд во изминатата година особено придонеле за развојот на функцијата менаџмент на човечките ресурси и дека треба да биде награден токму со ова признание кое се доделува еднаш во годината. За наградата HR менаџер може да биде номинирано вработено лице на работните места, најчесто именувани како директор за човечки ресурси, менаџер за човечки ресурси, раководител на сектор за човечки ресурси и сл. Можете да го номинирате вашиот колега од областа, но можете да се номинирате и самите себе.

Трет пат статуетата за Најдобар HR менаџер на годината ќе биде врачена како симбол и пример за важноста на HR професијата во организациите и општеството, со признание на HR професионалецот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област. Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси.

Пријавувањето и номинирањето за HR менаџер на годината може да се изврши заклучно со 15.04.2016 година, со пополнување на формуларот за номинирање на HR менаџер на годината и истиот да се проследи на e-mail адресата: contact@mhra.mk со назнака: Предлог HR менаџер – Име Презиме (на номинираниот). Подносителот ќе добие електронска потврда дека е примена номинацијата. Повеќе информации за Изборот на HR менаџер на годината, можете да погледнете овде.