МАЧР објавува Конкурс за најдобар HR есеј

50

HR

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) објавува Конкурс за најдобар HR есеј 2015 на тема Доверба и талент.

Професионалците од областа на менаџментот со човечки ресурси, имаат можност за учество на European HR Award 2015 како најдобар есеј од Република Македонија и притоа да освојат бесплатно учество и презентација на својот труд на следната меѓународна HR конференција на МАЧР; едно бесплатно учество на работилница/обука во организација на МАЧР по свој избор; објава на научниот труд на официјалната веб страница на МАЧР – www.mhra.mk и објава на трудот во HR списанието Човечки капитал, издадено од страна на МАЧР.

Победникот на европско ниво и двајцата второпласирани кандидати добиваат бесплатно учество и промоција на Европскиот Конгрес за човечки ресурси што на 22-23 октомври 2015 година ќе се одржи во Валенсија, Шпанија, со покриени трошоци за превоз и сместување.

Рокот за испраќање на есеите е 25 мај 2015 година на e-mail адреса contact@mhra.mk, со назнака Избор на Есеј 2015.

Учество можат да земат сите заинтересирани лица. Победникот од Република Македонија ќе биде избран најдоцна до 15 јуни 2015 година и свечено промовиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Довербата ја поставува основата за ефикасна комуникација, задржување на вработените, мотивација на вработените и вложување на дискрециона енергија, екстра напорот што луѓето доброволно го инвестираат во работата. Менаџментот со човечките ресурси има посебна улога во промовирање и развој на високо ниво на доверба кое придонесува за здрава и успешна организација која може да привлече таленти и да дава успешни резултати. Имајќи ги предвид сите позитивни ефекти кои довербата ги носи на една организација, разумно прашање што се поставува е како да се изгради доверба во вработените, особено талентите, кои се драгоцени за организацијата и како истите да се задржат.