Магацините натрупани со облека – по укинување на рестрикциите следат големи распродажби

183

По укинување на рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19 во Австрија ќе следи голем бран на распродажби посебно во конфекциската индустрија.

Во магацините на синџирите коишто продаваат облека има повеќе од 50 милиони непродадени артикли, кои по укинување на мерките во земјата ќе треба да се продадат.

Продавниците за облека и чевли наведуваат дека имаат загуба од скоро шест милијарди евра поради карантинот.

Здружението на трговци истакнува и дека во моментот загрозени се 45.000 работни места. Но, она што е лошо за трговците, добро е за граѓаните, бидејќи олабавување на мерките ќе донесе распродажба.

“Многу трговци ќе мора да ги продаваат натрупаните производите со пониска цена. Тоа што е преостанато од зимската стока ќе бидат продавано во outlet продавниците или ќе биде донирано во хуманитарните институции“, изјави претседателот на Здружението, Рајнер Вил.

Здружението на трговци бара итна помош од австриската влада и очекува трошоците за сезонската стока да бидат надоместени од буџетот во висина од 90%.

Фото:  Pixabay