Maggi најдобар светски бренд во прехранбената индустрија

108

maggiБрендот на компанијата Nestle, Maggi е прогласен за најдобра светска трговска марка во прехранбената индустрија, покажа истражувањето на водечката светска агенција за истражување на пазарот, Kantar Worldpanel.

Овој бренд на инстант супи, сосови, кнедли и смеси за подготовка на јадења се најде пред брендот Knorr на Unilever, а третото место го зазема Lay, бренд на компанијата PepsiCo.

Со анализирање на навиките на потрошувачите во 32 земји, аналитичарите дошле до податоци за најчесто бирани производи од сегментот стока за широка потрошувачка.

Брендот Maggi најголем раст остварил на пазарот во Азија, а за тоа придонел успехот на инстант кнедлите пуштени на индискиот пазар. За успехот придонеле и постојаните иновации и ширењето на понудата на Maggi на светските пазари.