“Магична” кутија што ги храни напуштените животни

31

1va

Една турска компанија направи “магична“ машина која го рециклира ѓубрето, а за возврат испушта храна за кучињата скитници. Во моментот кога некој ќе фрли пластично шише во автоматот, од другата страна во чинијата паѓа храната за напуштените кучиња и мачиња.

На овој начин минувачите се дополнително мотивирани да ги фрлаат отпадоците на прецизно одредените места. Од друга страна, животните скитници добиваат бесплатна храна. На ова место сигурно често ќе се собираат животните, што претставува добра прилика за љубителите да им пријат и да си поиграат со нив.

Колку повеќе еколошки свесни луѓе, толку повеќе храна за животните!

Замислете колку би било убаво да има по една ваква еколошка и хумана направа во секој град.