Магионичарот Дејвид Коперфилд “тежи“ 875 милиони долари

178

Шеесет и тригодишниот Дејвид Коперфилд може да се пофали со богатство од 875 милиони долари, што го прави да биде најплатениот магионичар во светот четири години по ред.

Според магазинот Forbes, Коперфилд имал 654 настани за 12 месеци, што му помогнало да заработи околу 60 милиони долари.

“Никогаш не сакав да станам бизнисмен. Тоа едноставно се случува. Мора да се грижите и за бизнис моментот на работите. Мојата работа е забавна, иако нема стрес, развивам нешто на што сум посебно горд“, изјави најпознатиот илузионист за магазинот.

Дуото магионичари, Пен и Телер, според заработката, се најдоа на второ место со 28 милиони долари. Тие настапуваат заедно од 1975 година и имаат свое шоу во Лас Вегас пет пати во неделата.

Фото: Facebook