Магистерка од Сараево измисли антибактериски подметнувач за тоалетен капак

57

kapak

Наџа Зубчевиќ, која неодамна магистрирала на Природно – математичкиот факултет во Сараево, измисли антибактериски подметнувач за тоалетен капак. Сакајќи да го реши проблемот со лошата хигиена во јавните тоалети, дошла до идеја за овој подметнувач.

“Сите имаме непријатно чувство кога користиме јавен тоалет. Истражувајќи на интернет дали постои некакво решение за овој проблем, не можев да најдам конкретно решение што би било доволно практично и економично. Бидејќи завршив насока по биохемија и физиологија, почнав да истражувам и пронајдов суспензија што има можност од 99,8 % да убива бактерии доколку е изложена на УВ светлина и делува фотокаталитички, што значи дека не се троши во хемиски реакции“, вели Зубчевиќ за Klix.

tim

Оваа суспензија не е токсична за човекот, а подметувачот има рок на траење од пет до десет години. Патентот е во процес на заштита, а Зубчевиќ и нејзиниот тим работат со поддршка од Фондацијата Мозаик, на чијшто натпревар го претставиле овој производ и освоиле награда од 1.500 евра. Тие веќе имаат добиено неколку понуди од инвеститори, а сега се во фаза на развивање и дефинирање на бизнис моделот. Зубчевиќ и нејзиниот тим сметаат дека овој производ не треба да биде ограничен само на босанскиот пазар и планираат да го понудат на глобално ниво.