Magpie – уред што ги чува вредните предмети

13

7ba5bd034abd4a272615328c8514d169_original

Фото: Kickstarter

Американскиот старт – ап Magpie создаде GPS уред што на корисникот му овозможува да знае каде се луѓето и предметите коишто му значат. Уредот е мал и лесно се вклопува секаде.

Со Magpie, родителите секогаш ќе знаат каде се наоѓаат нивните деца и дали отишле подалеку од “безбедната зона“. Децата може да ги повикаат своите родители со притискање на уредот, по што веднаш ќе добијат известување на нивниот мобилен телефон. Magpie може да се стави во торба, лаптоп, паричник, чанта, велосипед, автомобил и корисникот секогаш ќе знае каде се неговите предмети. Исто така, уредот којшто е водоотпорен може да се прикачи и на домашните миленичиња. Батеријата трае од еден ден до три месеци.

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 10.000 долари. Досега има обезбедено финансиска поддршка од 48.800 долари, а до крајот на кампањата остануваат уште 26 дена.