Маици ја менуваат бојата во зависност од загадувањето на воздухот

59

maici sto ja menuvaat bojata

Американскиот дизајнер Николас Бентел разви колекција на маици коишто ја менуваат бојата во зависност од загадување на воздухот или радиоактивност, пишува Dezeen.com.

Неговата колекција го носи името Aerochromics и е составена од три вида на маици, коишто реагираат на различно ниво на јаглерод моноксид или радиоактивност во воздухот.

“Лично сум заинтересирани за загадувањето и глобалното затоплување. Голем дел од мојата работа има социјална компонента. Технологии за овие парчиња облека постојат и лесно може да се најдат, но никогаш досега не се користеле во текстилната индустрија“, вели Бентел.

Маиците се опремени со сензори што го детектираат нивото на загадување и посебна боја којашто се менува од црна во бела. Во пракса тоа може да значи дека корисникот од дома може да излезе во црна маица, а зависно од загадувањето, маицата станува црно – бела или комплетно бела.

Цените на овие маици се движат од 500 до 625 долари.