Мајкл Џордан доби одобрение, се работи на договор од три милијарди долари

81

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан, доби дозвола да го продаде НБА тимот Шарлот Хорнетс

Продажбата беше договорена на 16 јуни, но се чекаше одобрението од Управниот одбор на НБА, кој изгласа да му дозволи на Џордан да го продаде својот мнозински удел во Хорнетс на групацијата предводена од бизнисмените Рик Шнал и Гејб Плоткин. Се очекува продажбата да биде завршена во текот на следната недела.

Џордан стана мнозински сопственик на тогашниот Шарлот Бобкетс во 2010 година, но под негово водство тимот постигна сооднос победи-порази од 423-600, што е петти најлош сооднос во лигата во тој период, а во текот на сите тие 13 години, само двапати се пласираше во плејофот и двата пати беше елиминиран во првото коло.

Се проценува дека вредноста на трансакцијата е околу три милијарди долари, а Џордан ќе задржи малцински удел во сопственоста на клубот.

Со продажбата на Хорнетс од Џордан, веќе нема ниту еден мнозински црн сопственик на клуб во НБА.