Мајкл Џордан лани загуби пола милијарда долари

37

Поранешната НБА ѕвезда, Мајкл Џордан иако важи за еден од најбогатите кошаркарски ѕвезди, сепак минатата година ја заврши со богатство покусо за пола милијарда долари. Сега на сметката на Џордан има 1,6 милијарди долари. Но и покрај падот на вредноста на имотот за 24% и понатаму е меѓу 1.500 најбогати луѓе во светот.

Во април минатата година неговото богатство беше проценето на 2,1 милијарда долари, а падот е поради пандемијата, но и неколку лоши инвестиции.

Џордан е мнозински сопственик на НБА франшизата Charlotte Hornets, а и понатаму заработува големи суми преку договори со различни брендови. Иако поминаа 18 години откако и официјално ја заврши кариерата, патиките со неговото лого и понатаму се едни од најбараните во светот. Само од нивна продажба заработува од 100 до 150 милиони долари годишно.

Фото: Facebook