Мајкрософт дава неограничен годишен одмор

104

Технолошката компанија Мајкрософт на своите вработени им дава неограничен годишен одмор. Вработените биле известени за ова во електронска порака, а мерката ќе се применува за сите вработени во САД.

Неограничениот годишен одмор е популарна алатка за привлекување и задржување таленти во повеќе сектори кои се соочуваат со недостиг на кадар.

„Начинот како, кога и каде ја завршуваме својата работа драматично се промени. И додека се трансформиравме, модернизацијата на нашата политика за годишен одмор на пофлексибилен модел беше природен следен чекор“, напиша Кетлин Хоган, директорка за човечки ресурси во компанијата, во електронската порака до вработените.

Досега вработените во Мајкрософт во САД добиваа четири седмици годишен одмор. Меѓутоа, отсега ќе можат да земат неограничен годишен одмор.

Овој вид на политика, во сила во компании како Нетфликс и за постари банкари во Голдман Сакс, може да биде предизвик кога менаџерите поставуваат очекувања кои фаворизираат малку или никакво слободно време.

Портпаролот рече дека Мајкрософт ги разгледал потенцијалните недостатоци во таквиот систем и дека компанијата очекува да може да им обезбеди на работниците соодветно платено слободно време.

Неограничените слободни денови, исто така, може да бидат благодет за работодавците бидејќи планот бара помалку административна работа бидејќи кога вработените ќе дадат отказ или ќе бидат отпуштени, компанијата нема да мора да им враќа за натрупаното неискористено време. Меѓутоа, вработените што се платени по час или не живеат во САД нема да имаат право на неограничен годишен одмор.