Мајкрософт ја враќа довербата со новиот ИЕ10

22

Мајкрософт објави реклама за новиот пребарувач ИЕ10. Спотот “Го знаеш ли овој човек?” всушност е една иронична приказна за новиот производ Интернет експлорер. Наводно, Мајкрософт ја направи оваа реклама за оние што веќе ја изгубиле довербата во стариот ИЕ.

Еден трол цела вечер за новиот ИЕ10 остава пораки “ИЕ смрди” на сите социјални платформи. Сепак, покривајќи ја целата публика, Мајкрософт со мотото “Ние сме за секого, иако секој е различен”, наоѓа начин како да ги придобие и малициозните тролови.

За да ви биде појасно, погледнете го видеото.