Мајкрософт ќе инвестира 2,9 милијарди долари во вештачка интелигенција во Јапонија

18

Американската корпорација Мајкрософт ќе инвестира 2,9 милијарди долари во следните две години во развој на облак инфраструктура и вештачка интелигенција (ВИ) во Јапонија, изјави претседателот на Мајкрософт, Бред Смит.

Во интервју за јапонската агенција Никеи, тој изјави дека американската компанија има намера да отвори истражувачка лабораторија во Токио, како и да научи три милиони Јапонци да користат алатки за вештачка интелигенција во следните три години.

За Мајкрософт ова ќе биде најголемата инвестиција во јапонската економија од почетокот на бизнисот во таа земја.