Локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис денеска го организираат Денот на Мајкрософт кој ќе им биде посветен на невладините организации.
Пред граѓанските организации ќе бидат презентирани можностите кои ги нудат новите технологии за подобрување на ефикасноста на нивното делување, но и за нивно користење за општествена полза.
Целта е претставниците на граѓанскиот сектор преку интерактивна програма да ги подобрат своите ИКТ вештини, но и да дознаат повеќе за употребата и можностите кои ги нуди Мајкрософт преку програмата SouthСпарк и апликациите за Сајбер грантови.
Настанот ќе го отворат Стефан Плавјански, генерален менаџер на Мајкрософт Македонија и Косово и Бардил Јашари, директор на Фондацијата Метаморфозис, по што ќе следува презентација на програмите за донирање софтвер на граѓанските организации, како и програмата SouthСпарк, преку која Мајкрософт ги поддржува младите во создавање и искористување на можности.