Македонец и Американец во потесен избор за работата од соништата во Словенија

43

12799015_981432298602275_649365194687625842_n

Атмир Ќазимоски од струшкото село Лабуништа и Американецот Ерик Метју се двајцата кандидати кои влегоа во тесниот избор за работата од соништата што ја нуди словенечкиот Еко ресорт под Велика планина.

“Сакам да работам со животни. Љубител сум и на животните и на природата и затоа се одлучив да работам за вашата фирма. Очекувам добро дружење со туристите, гостите и со животните“, изјави Ќазимоски, кој веќе има искуство со работа со животни.

Заедно со него, од септември оваа година, ќе работи и Американецот Ерик Метју. Тој смета дека за него ова не е работа, туку одмор и дека од ресортот на некој начин му прават услуга.

За работата како овчар во рамки на ресортот се пријавија неколку илјади луѓе ширум светот, а промотивното видео што требаше да се сподели за да се добие работата претставува реклама за популаризирање на еколошкиот туризам во Словенија.