Македонец стана стратешки партнер на Илон Маск од Теsla

368

Сопственик на компанија за софтвер од Струга кој има бизнис и во Германија стана стратешки партнер на еден од најбогатите луѓе на светот Илон Маск, кој освен познатата компанија Tesla води уште неколку компании кои се сметаат за револуционерни во своите области.

Стружанецот Роберт Милески објави на Фејсбук дека неговата компанија Introcode стана стратешки партнер на Tesla. Отсега софтвер Made in Macedonia во нивните производи и во една од технолошки најнапредните компании во светот.

“Склучивме договор за стратешко партнерство со Tesla. Нашиот тим македонски инженери ќе работи на развој на софтверски решенија за производите на Tesla и за интерната работа на нивните фабрики. Еден дел е нивно меѓусебно поврзување, вели Милески за Супер радио и OhridPress.

Додава дека не може да открива повеќе детали заради договорот за индустриска тајна.

Фото: Twitter- Facebook