Македонија 10-та земја во светот за водење бизнис според Doing Business

17

doing business 2017

Македонија е 10-та земја во светот за водење бизнис, покажува извештајот на Doing Business за следната година.

Лидери за водење бизнис во светски рамки се: Нов Зеланд, Сингапур, Данска, Хонг Конг и Република Кореја. Од земјите во регионот, Словенија е 30-та земја за водење бизнис, Бугарија е на 39-то место, додека Хрватска е 43-та. Србија се позиционираше на 47-мо место, Црна Гора, четири подолу, додека Албанија е 58-ма земја за водење бизнис. Косово е 60-та на листата на Doing Business, Грција едно место подолу, додека Турција е 69-та земја.

Најлоши услови за водење бизнис, според извештајот, имаат Јужен Судан, Венецуела, Либија, Еритреја и Сомалија.

При рангирање на условите за водење бизнис во една земја, Doing Business, во предвид се земаат повеќе индикатори, меѓу кои: започнување бизнис, градежни дозволи, добивање кредити, плаќање даноци, меѓугранична трговија…