Македонија 2025 организираше студентска посета на Џонсон Мети и индустриските развојните зони

23

2025-685x320Организацијата Македонија 2025 организираше студентска посета на Технолошко индустриско развојните зони и Џонсон Мети.

Посетите се дел од Мотивирање на иднината, образовна програма на Македонија 2025 чија главна цел е подобро да ги запознае студентите со работењето на некои од најуспешните компании во Македонија.

Во студентската посета која беше реализирана во согласност со бизнис профилите на компанијата Џонсон Мети и Дирекцијата за Технолошко индустриско развојни зони, беа вклучени студенти од Економскиот, Машинскиот, Природно-математичкиот, Филолошкиот факултет и Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Студентите најпрво се сретнаа со Виктор Мизо, директор на ДТИРЗ, кој зборуваше за својот кариерен пат, потенцирајќи ги висококвалитетно образование и континуирано учење од најдобрите, како клуч за успехот.

Тој исто така ги престави и развојните зони во Македонија и бизнис концептот со кој тие работат на привлекување странски директни инвестиции.

Потоа беше посетена компанијата Џонсон Мети, каде Генералниот менаџер, Џатин Такрар преку презентација на главните активности и производите кои се изработуваат во Македонија, им ја претстави на студентите една од најголемите странски директни инвестиции во државава.

Тој зборуваше за големата важност на обуката, менторството и делегирањето, одговорности кон вработените, им порача постојано да покажуваат интерес и бестрашност во искористувањето на можностите, да работат со страст, да бидат посветени и ангажирани.