Македонија 26-та во свет по извоз на грозје

188
Grape Spanna from Pomona Italiana illustration

Извозот на грозје во светот минатата 2019 година беше на ниво од 8,4 милијарди долари. Кина е најголем извозник во светски рамки со 987 милиони долари или 11,7% од вкупниот извоз на грозје, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија е 26-та според извозот на грозје со заработени 13,8 милиони долари или 9% помалку во однос на 2018 година.

Освен Кина, најголема заработка од извоз на грозје имаат и: Чиле (949,7 милиони долари), Холандија (918,6 милиони долари), САД (855,9 милиони долари) и Перу (811,8 милиони долари).

Од земјите во регионот, Грција е 14-та со извезено грозје вредно 97 милиони долари. Потоа следува Словенија со 35 милиони долари, а зад нас се: Србија (779.000 долари), Босна и Херцеговина (763.000 долари), Бугарија (234.000 долари) и Црна Гора (220.000 долари).

Фото: Freepik