Македонија 31-ва земја во светот за водење бизнис, според Forbes

22

Forbes

Македонија е рангирана на 31 место меѓу 146 држави во светот во најновиот извештај на американскиот економски магазин Forbes за најдобри земји за бизнис, што претставува подобрување за пет позиции во однос на минатата година, пишува Forbes, пренесува Миа.

Македонија е најдобра држава за бизнис во регионот и е рангирана пред Бугарија, која е на 42 место, Хрватска на 46, Црна Гора на 48, Турција на 50, Грција на 51, Албанија на 58, а БиХ и Србија на 84 место.

По одделни идикатори, Македонија има највисока, трета позиција, за бирократски процедури, на шесто место е рангирана според индикаторот монетарна слобода, на седмо за даночно оптоварување, 17 пазарни перформанси, 21 заштита на инвеститори, 41 трговска слобода и според технологија на 61 место.

Во првите 10 најдобри држави за бизнис, според листата на Forbes, се Данска, Хонг Конг, Нов Зеланд, Ирска и Шведска. Меѓу првите 10 се и Канада, Норвешка, Сингапур, Швајцарија и Финска.

Како најлоши земји за бизнис, Forbes ги рангира Либија, Чад и Гвинеја.