Македонија е 57-ма во светот според индексот на економска сложеност (Economic Complexity Index – ECI), што од 1995 година го изработува Универзитетот Харвард.
Економскиот развој подразбира акумулација на продуктивно знаење и негова примена во сè покомплексни индустрии. Земјите што имаат висок индекс на економска сложеност, значи дека имаат повеќе и покомплексни производи што лесно може да се извезат на странски пазари.
Најкомплексни во тој поглед се: Јапонија, Швајцарија, Јужна Кореја, Германија и Сингапур.
Од земјите во регионот, највисок индекс на економска сложеност има Словенија (10). Потоа следуваат: Хрватска (30), Босна и Херцеговина (37), Србија (38), Бугарија (41) и Грција (55).
Од 133 земји, на дното според економска комплексност се најдоа: Нигерија, Конго, Ангола, Папуа Нова Гвинеја и Камерон.
Фото: Freepik