Македонија 68-ма најконкурентна економија во светот според Светскиот економски форум

25

svetski ekonomski forum

Македонската економија е 68-ма најконкурентна од вкупно 138 земји во светот, покажуваат податоците на Светскиот економски форум (World economic forum).

На светско ниво, петте најконкурентни земји се: Швајцарија, Сингапур, САД, Холандија и Германија.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Бугарија како 50-та најконкурентна. Зад Македонија се: Хрватска (74), 80-та е Албанија, две позиции подолу е Црна Гора, Грција се позиционираше на 86-то место, Србија е 90-та земја по конкурентност, додека БиХ е 107-ма конкурентна економија.

На дното на листата, како најмалку конкурентни се: Малави, Бурунди, Чад, Мавританија и Јемен.

СЕФ предупредува дека растот на трговските пречки, поради кои се намалува трговската отвореност, претставува ризик за раст на економиите и нивната иновативност. Конкурентноста, според извештајот, се дефинира како збир на институции, политики и фактори коишто го одредуваат нивото на продуктивност на земјата.

Светскиот економски форум, при анализата, земаат во предвид 12 индикатори: институции, инфраструктура, макроекономска средина, здравство и примарно образование, високо образование и обуки, ефикасност на пазарот на стоки, ефикасност на пазарот на работна сила, развој на финансискиот пазар, технолошки развој, големина на пазарот, развиеност на бизнисите и иновации.