Македонија достапна на Google street view

54

GoogleStreetViewCar_Subaru_Impreza_at_Google_Campus

Најважните туристички и историски локалитети, како и природна убавина на земјата може виртуелно да се гледа на пребарувачот Google. Ова го овозможува Street view галерија во Македонија која опфаќа 360 панорамски слики, која што денеска беше лансирана, пишува Миа.

Може да се види центарот на Скопје, Битола, Охрид, Маврово, Ростуша, Охридско Езеро…, а луѓето од целиот свет може да прават планови за патување, да ги проверат рестораните пред да пристигнат, да договорат место за средба или само да истражуваат и подобро да се запознаат со областа.
“Очекуваме корисниците на Google од Република Македонија и од целиот свет лесно да се движат низ земјава. Како што туризмот е една од најбрзо растечките економски сектори во Република Македонија и со зголемување на бројот на странските туристи за 16 отсто во 2015 година, очекуваме дека Google street view ќе придонесе и за културниот, езерскиот, планинскиот, спортскиот, винскиот, археолошкиот, верскиот, руралниот и еко-туризмот“, изјави заменик министерката информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.

Димитар Ѓеорѓиевски, директор на Дирекција за заштита на личните податоци вели дека како институција се убедени дека соработката со ентитети на податоците дека соработката со ентитети како Google во овој сегмент е силно утврдување во градењето цврст систем за заштита на податоците во земјата.

Локалните бизниси, исто така може да имаат корист од Street view  технологијата со бесплатно вградување на Google maps директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.