Македонија е 47 земја во светот според индексот на економски слободи

28

heritage

Македонија е 47 земја во светот според индексот на економски слободи на фондацијата Heritage.

“Македонската транзиција кон поотворен и пофлексибилен економски систем е олеснета преку значајните економски реформи што се спроведуваат во изминатите 10 години. Макроекономската стабилност е релативно висока, додека спроведувањето на конкурентни рамни даночни стапки и режимот на отворена економија го охрабруваат развојот на претприемништвото“, се нотира во извештајот.

Позициите се добиваат врз основа на четири компоненти што се оценуваат – владеење на правото, регулаторна ефикасност, отвореност на пазарите и ограничување на државниот сектор.

Најдобро рангирани земји според овој индекс се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија.

Македонија позиционирајќи се на 47 место се најде во групата умерено слободни економии. Од земјите во регионот во истата група се Албанија на 59-то место, Бугарија едно место подолу, Црна Гора е 65-та, додека Србија се најде на 77-мо место. Турција е две позиции подолу, Косово на 84-то место, додека Словенија е 90-та економски слободна земја.

Во групата на неслободни земји од регионот се најдоа Хрватска – 103, Босна и Херцеговина на 108-мо место, а Грција е 30 позиции подолу.

На дното на листата се најдоа Туркменистан, Зимбабве, Венецуела, Куба и Северна Кореја.