МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ единствен финалист од регионот на трговскиот форум 2030

99

Компанијата МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, во периодот од 2 до 4 октомври 2018 г., во Женева беше дел од престижниот Јавен форум во организација на Светската Трговска Организација (СТО), Институтот за извоз и интернационална трговија и Интернационалната стопанска комора, кој има за цел да обедини учесници од цел свет, а воедно ида дискутираат за најновите случувања во меѓународната трговија како и да предложат начини за зајакнување на мултилатералниот трговски систем.

Преку неколкумесечен циклус на селекција на мали и средни компании од цел свет, компанијата МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ беше избрана како финалист на настанот Open to Export International Business Award. На настанот се презентираше работниот и развојниот концепт на Компанијата, со посебен фокус на извозните потенцијали на брендот MAMAS пред еминентна жири комисија меѓу кои, Yi Xiaozhun,  заменик-генерален директор на СТО, Lesley Batchelor, генерален директор на Институтот за извоз и интернационална трговија, Arne Mielken, помлад претседател на Институтот за извоз и интернационална трговија, Nicholas Niggli, генерален директор,одговорен за економски развој, истражување и иновација на Женева, Chris Southworth, генерален секретар на Интернационалната трговска комора на Велика Британија и Shaun Lake, постар советник за E-Learning во Интернационалниот трговски центар.

Навистина е огромно задоволство компанијата и нашето работење да бидат препознаети од глобални организации кои буквално ја диктираат светската трговија. Уште повеќе нѐ радува фактот што сме избрани како финалисти од врвното жири на експерти поради иновативноста во нашето работење, општественото влијание и јасната стратегија за извоз која ја имаме. На настанот имаше учесници од цел свет, а ние бевме избрани како единствена компанија од Македонија и регионот“, кажа Петар Лазаров, ко-сопственик на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ.

Како финалист, компанијата доби бесплатно членство во Институтот за извоз и интернационална трговија, континуирана поддршка од интернационална мрежа и пристап до огромен број ресурси за реализација на своите планови.

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ е уникатен вид на компанија основана во 2006 година со цел да ги претставува македонските компании и компаниите од Балканот на меѓународниот пазар. Специјалнизирана за развој на брендови и бизниси, најпознати брендови кои ги има развиено се МАМАС-традиционални домашни рецепти кои се извезуваат во повеќе од 30 земји во светот и TIP OF THE WEEK, први балкански интерактивни прирачници за личен и за професионален развој, продадени во тираж во повеќе од 20.000 копии и издадени на четири јазици.