Македонија и Турција ќе ја зацврстат соработката во земјоделството

16

a18ca5d2-4869-4cb4-b19b-35efdfbe6653Македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и турскиот министерот за храна, земјоделство и сточарство, Мехди Екер вчера во Анкара потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете држави во областа на земјоделството.

Планирано е формирање на комитет за управување во земјоделството кој во иднина редовно ќе се состанува за разгледување на моменталната состојбата како и за носење на одлуки кои ќе се спроведуваат.

Како што информираше Димовски, соработката меѓу двете земји ќе се реализира во областа на растителното производство, производството и обработката на суров тутун во лист, сточарството, рибарството и аквакултурата, органското земјоделско производство, прехранбената индустрија, истражувањето, руралниот развој, шумарството како и други области.

“Оваа соработка ќе се реализира преку размена на искуства, информации, експертска помош, студиски престој и стручни обуки, семинари, симпозиуми, саеми и конференции, но и во други форми на техничка соработка”, рече Димовски.

Mинистерот Екер потенцираше дека е од исклучително значење да се зајакне меѓусебната соработка со Македонија и додаде дека поддршката кон Република Македонија ќе продолжи и во иднина, а особено техничката поддршка.

Тој исто така нагласи дека двете држави во сите области ја имаат зајакнато меѓусебната соработка, а доказ за тоа е тоа што во 2012 година меѓусебната трговска размена изнесува околу 378 милиони долари додека соработката во земјоделството изнесува 27 милиони долари.