Македонија ќе набави и 100.000 руски вакцини

34

Од вчера е започната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

На вчерашната затворена владина седница, тој е овластен да потпише договор, по истиот принцип како и со сите останати.

“Од вчера попладне веќе интензивно разговараме, и преку претставниците во руската амбадада ќе се обидеме да дојдеме до поконретни информации кога би пристигнале вакцините тука“ рече Филипче.

Вчера од неговиот српски колега Златибор Лончар, ја прими втората пратка ковид вакцини од Pfizer, отстапени од Србија. Тој изјави дека со вакцините од Србија ќе се вакцинираат сите здравствени работници од приоритетната група за имунизација против Ковид-19.

Фото: Pixabay