Македонија ќе потпише заедничка изјава со Унгарија, Србија и Грција за изградба на брза пруга Будимпешта – Атина

79

Македонија заедно со Унгарија, Србија и Грција на 23 ноември ќе потпишат заедничка изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Патра, соопшти министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ.

„Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга од Унгарија до Грција, е на европската железничка мрежа. Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ден пред новата делница од Нови Сад до Суботица – Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција ќе потпишат заедничка декларација за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Пиреја и Патра“, изјави министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ

Тој додаде дека Србија заедно со Македонија ќе бараат заедничко финансирање на пругата од границата на Србија до Скопје.