Македонија на 63-то место за развој на бизнис според Forbes

10

forbes-924140_960_720

Фото: Pixabay

Македонија ја зазема 63-тата позиција, од вкупно 153 земји, на листата за најдобри земји за бизнис во светот, што ја направи Forbes. Велика Британија е најдобра земја за бизнис во светот.

Американскиот магазин зема предвид 15 различни сегменти за развој на бизниси, вклучувајќи даноци, лична и економска слобода, бирократија, имотни права, иновации, корупција, технологија, монетарна и трговска слобода и заштита на инвеститорите врз основа на економски податоци од 2016 година.

Нов Зеланд е втора најдобра земја за бизнис, а следат Холандија, Шведска и Канада.

Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија на 32-ро место, следат Хрватска на 51-ва позиција, Србија е 69-та земја, Албанија на 71-во место, а Босна и Херцеговина се наоѓа на 97-ма позиција.

На дното на листата се наоѓаат Авганистан, Хаити, Гамбија и Чад.