Македонија на 75 место според конкуреноста во туризмот и патувањата

17

23914956Во најновиот извештај на Светскиот економски форум за конкуретноста во туризмот и патувањата Македонија е рангирана на 75 место, односно едно место погоре од минатата година.

Во извештајот се вклучени 140 земји, а е изработен врз основа на повеќе критериуми меѓу кои: политики и законодавство, животна средина и инфраструктура, безбедност, здравје и хигиена и национален третман на туризмот.

Македонија најдобри оценки доби за правната регулатива за туризмот, а забелешки има за заштитата на природното и културното наследство.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Грција, 32 место, иако бележи пад од три места, Хрватска е на 35-то и има пад од едно место, Словенија е 36-та со пад од три места. Црна Гора е на 40 место, четири места подолу од претходниот извештај, Бугарија е 50 со пад од две места, Албанија е на 77 позиција со забележан пад од шест места.

Босна и Херцеговина бележи напредок од седум места и се наоѓа на 89 место, а Турција е на 46 место со напредок од четири места.

Најконкурентни туристички земји во светот трета година по ред се Швајцарија и Германија, а по нив следат Австрија и Шпанија. Последни на листата се Бурунди, Чад и Хаити.