Македонија на увоз на цемент потрошила 19,6 милиони долари

130

Македонија во текот на минатата година увезе цемент во вредност од 19.643.000 долари, што е за 15,8% повеќе во споредба со 2019 година.

На глобално ниво, увозот на цемент во 2020 година достигна вредност од 11,2 милијарди долари, што е за 12,9% помалку одошто една година претходно.

Кина е најголем увозник на цемент во светски рамки со 1,5 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на цемент лани беа и: САД (1,4 милијарди долари), Филипини (478 милиони долари), Франција (420 милиони долари) и Холандија (317,2 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник на цемент е Црна Гора со 39,5 милиони долари, а по нејзе следат: Босна и Херцеговина (39 милиони долари), Србија (38,9 милиони долари), Хрватска (38,3 милиони долари), Бугарија (36,7 милиони долари),  Словенија (34,9 милиони долари) и Грција (21 милион долари), според податоците на World’s top exports.