Македонија најмногу тргувала со Германија, Британија, Грција, Србија и Бугарија во првите шест месеци

34

export-2123475_960_720

Фото: Pixabay

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 146.245.756 илјади денари и бележи пораст од 16,2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 199.947.002 илјади денари, што е за 11,2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 53.701.246 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2017, изнесува 73,1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, според вкупниот обем на надворешно – трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 2.373.541 илјади евра и бележи пораст од 16,4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.245.482 илјади евра, што е за 11,4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 871.941 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 2.576.110 илјади американски долари и бележи пораст од 13,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.515.702 илјади американски долари, што е за 8,0% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 939.591 илјади американски долари.