Македонија е 70-та земја во светски рамки по извоз на пиво, којшто минатата година достигна вредност од 3.198.000 долари или 7,3% помалку одошто во 2019 година.
На глобално ниво, извозот на пиво во 2020 година беше 14,9 милијарди долари, што е за 6,5% помалку во споредба со 2019 година.
Според податоците на World’s top exports, најголемите извозници на пиво во светот (Мексико, Холандија, Белгија, Германија и САД) имаат 68,6% учество во глобалниот извоз на пиво во 2020 година.
Прв на листата извозници на пиво минатата година беше Мексико со 4,3 милијарди евра или 28,4% од вкупниот извоз. Меѓу 10-те најголеми извозници во 2002 година беа и: Холандија (2,1 милијарда долари), Белгија (две милијарди долари), Германија (1,3 милијарди долари), САД (645,6 милиони долари), Велика Британија 525,5 милиони долари), Франција (386,4 милиони долари), Чешка (297 милиони долари), Ирска (289,9 милиони долари) и Шпанија (285,2 милиони долари).
Од земјите во регионот, Србија е највисоко позиционирана (26-та) со 55,6 милиони долари, по што следат: Словенија (50,9 милиони долари), Грција (32,2 милиони долари), Хрватска (27,2 милиони долари), Бугарија (22,8 милиони долари) и Црна Гора (3,6 милиони долари).
Фото: Pexels