Европската Унија оваа недела нема да го смени списокот на земји кои се безбедни за патување.
ЕУ ќе дозволи засега да продолжат патувањата од Соединетите Американски Држави, и покрај големиот број случаи на коронавирус во таа земја.
Листата во моментов вклучува дваесетина земји, вклучувајќи ги САД, Јапонија и Австралија, кои се сметаат за безбедни од здравствена гледна точка.
Списокот ќе се прегледа повторно за две недели, па дури и порано во случај да се промени ситуацијата со Ковид-19, рекоа претставници на ЕУ.
Северна Македонија, заедно со Србија и Албанија уште од крајот на јуни се на листата на безбедни земји за Ковид-19 од кои може слободно да се патува во ЕУ.
ЕУ секои две недели расправа за епидемиолошката ситуација во секоја од таканаречените трети земји и листата се ажурира со оние држави за кои се смета дека се безбедни за нивните жители да патуваат во ЕУ.