Македонија петта во светот по раст на туристи за 2021 година

114

Одлични резултати за македонскиот туризам, според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO), РС Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%.

Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина.

Очекувањата и оваа година се оптимистички, целта е 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи за 20% до 30%. Заздравувањето на секторот туризам се одвива полека но сигурно, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам.