Македонија со зголемен извоз за 20% во првите девет месеци

23

Република Македонија и Унгарија, оваа година во услови на криза за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена, која изнесува некаде околу половина милион долари. Македонија бележи и раст воопшто на извозот за посочениот перид од 20%.

Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини  на втората седница на Мешовитата македонско-унгарска меѓувладина комисија за економска соработка што вчера се одржа во Скопје.

„Ова мора да се потенцира затоа што во услови на криза кога во земјите во регионот паѓа трговската размена, во РМ имаме навистина сериозно зголемување, не само со Унгарија. Извозот на РМ за првите девет месеци во 2013 за разлика од првите девет месеци во 2012 расте за некаде околу 20%“, изјави Сарачини.